Правилото 5 секунди

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082435756

Година на издавање: 2022

Број на страници: 287

Димензии: 13×20

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

5… 4… 3… 2… 1! Почнуваме!

Како да се промени животот за само 5 секунди?

Оваа книга го открива правилото, базирано на научни факти, со чија помош ќе можете во целост да направите пресврт во вашиот живот.

Ќе научите:

– да бидете посамоуверени,

– да престанете да ги одложувате обврските,

– да ги победите стравот и несигурноста,

– да ги отфрлите грижите и да станете посреќни,

– храбро да ги споделите своите идеи.

Придружете им се на повеќе од десет милиони луѓе што го открија овој метод со кој можат да променат буквално сè. Вие можеби знаете ШТО треба да промените, но оваа книга ќе ви покаже КАКО да го сторите тоа.

Користејќи се со научните истражувања за навиките, со сведоштва од луѓе и со изненадувачки факти за некои од познатите моменти во историјата и деловниот свет, Мел Робинс ја објаснува силата на „почетниот импулс“ во моментот кога сакаме нешто да преземеме или да промениме.

Тука во игра влегува правилото „5 секунди“. Тоа ни помага да се придвижиме и, што е најважно – функционира! Ова правило е лесно а неговиот ефект е неверојатен. Впрочем, тоа е тајна со која може да се промени апсолутно сè. Штом ќе го научите правилото, веднаш можете да почнете да го применувате. Ќе ви помогне да живеете, да сакате, да работите и да разговарате со многу поголема самодоверба и смелост!

mel-robbins

Мел Робинс

Мел Робинс е дипломиран правник адвокат на одбрана во кривични предмети, која го завршила образованието со највисоки оценки; исто така е и претприемач, чија проникливост и оригинален приод кон актуе...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил