ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Целосна верзија
ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР

Контролор на лични податоци е: Друштво за производство, трговија и услуги ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ул. „Орце Николов“ бр. 93/1 Скопје, Република Северна Македонија.

Офицер за лични податоци: Симона Крстевска, телефон: 02/3245-622, e-mail: oficer@kniga.mk

Политиката на приватност ги содржи практиките за приватност на веб-сајтот www.shop.kniga.mk и објаснува како ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ ги користи Вашите податоци, а се однесува на нашиот веб-сајт, мобилната верзија на веб-сајтот, електронските услуги, како и пратените електронски пораки до нас. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Оваа политика на приватност не се однесува на личните податоци кои ги собираат другите веб-сајтови до кои пристапувате преку нашиот веб-сајт. Со пристапување и со користење на нашиот веб-сајт/е-продавница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за приватност, како и со условите за користење на нашиот веб-сајт. Доколку не се согласувате со условите од оваа политика, тогаш напуштете го овој сајт и не употребувајте го.

Политиката за приватност ќе се менува повремено, согласно донесени нови законски регулативи, или пак со воведување на нови практики, производи, услуги или функционалности на овој веб-сајт.

Прибирањето на личните податоци е во согласност со законските прописи за заштита на лични податоци.

ВИДОВИ ПОДАТОЦИ ШТО НИЕ ГИ СОБИРАМЕ, НИВНО КОРИСТЕЊЕ И СПОДЕЛУВАЊЕ 

Податоците што ги собираме може да се класифицираат како лични податоци и нелични податоци, а се собираат при интеракција со нашиот веб-сајт, како, на пример: пристапување и користење на нашиот веб-сајт, отворање и одговарање на електронски пораки, контактирање со нашата корисничка поддршка, купување производи преку нашиот веб-сајт и сл.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.

За да ја користите услугата за електронска продажба (нарачување на производи/услуги онлајн) на ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ, ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ прибира и обработува одредени Ваши лични податоци, а тоа се Вашето име и презиме, држава, адреса на живеење, град, поштенски број, e-адреса, телефонски број. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците што ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на НЛБ Банка. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците тие се процесираат преку https безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка; единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броја од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. Овие информации ги давате во моментот на поставување на Вашата нарачка на производ/услуга на нашиот веб-сајт.

Во зависност од активноста, некои од податоците се класифицирани како задолжителни, некои како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која тоа Ви го бара, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе ги користиме за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб-сајтот, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-сајтот, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го приспособиме Вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако пратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме Вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет-страница. Вашите коментари може да содржат лични податоци, како што е, на пример, Вашето име, па ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред да го објавиме пред јавноста. Покрај тоа, ако го користите нашиот веб-сајт да пратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме Вашите лични податоци. Исто така, може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка (со помош на нашите бизнис-соработници – дистрибутери, испорачатели на пратки и сл.) и да ја наплатиме цената за продадените производи и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите што ги нуди нашиот веб-сајт, како и ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид податоци може да вклучат работи како универзален ресурсен локатор (URL) на веб-страницата што сте  посетиле пред да дојдете на нашиот веб-сајт, URL на веб-сајтот што сте го посетиле по напуштањето на нашиот веб-сајт, страниците што ги посетувате на нашиот веб-сајт и времето што го поминувате на секоја страница, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашиот веб-сајт, типот на пребарувачот, верзија и плагини што ги користите, Вашиот интернет-протокол (IP-адреса), уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и/или нашите овластени трети странки, бизнис-провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе го посетите нашиот веб-сајт преку употреба на електронски алатки како „Cookies“ (за повеќе, прочитај ја политиката за колачиња).

Ние нема да ги споделиме, продаваме или позајмуваме Вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – бизнис-провајдери. Овие „трети лица – бизнис-провајдери“ извршуваат функции во наше име, како праќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, праќање поштенски или електронски мeил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на веб-сајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, компанијата наследник ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци за наша заштита и заштита на други лица. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашиот веб-сајт.

Ние може да откриваме или споделуваме нелични податоци со бизнис-соработниците и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со огласувачи или маркетинг компании.

Податоците што ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб-сајтот на ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ (www.shop.kniga.mk) и непречено да се одвиваат сите активности за купување, достава на производот до саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.

ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ ќе ги користи собраните лични податоци исклучиво за целите за кои се дадени во согласност со важечките законски прописи во Република Северна Македонија. Можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

  1. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, како и да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да бидат достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет-страници или веб-пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита Вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што Ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на какви било лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување преку социјални мрежи (Фејсбук, Инстаграм).

  1. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците што ги собираме се чуваат во согласност со закон и со периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на ИЗДАВАЧКИ ЦЕНТАР ТРИ ДООЕЛ.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб-продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Северна Македонија.

  1. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци - БАРАЊЕ
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци (Симона Крстевска) на следниов e-mail: oficer@kniga.mk и на телефонскиот број 02/3245-622.