Разговори со бога (книга втора)

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082305912

Година на издавање: 2018

Димензии: 140/210

На залиха
За само 250  ден.  -80  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Нил Доналд Волш еден ден седнал со пенкало во рака и со тешки прашања во своето срце. Додека ги пишувал своите прашања упатени кон Бога сфатил дека Бог ги одговара – директно – преку неговото пенкало. А резултот бил серија духовни провокативни и длабоки книги кои ги сменија животите на читателите низ светот.

„Разговори со Бога - Книга втора“ е втора во низата од три книги на разговори со Бога, кои траеја повеќе од пет години и кои се одвиваат сѐ до денешен ден. Во неа дијалогот се проширува справувајќи се со поглобални теми за геополитичкиот и метафизичкиот живот на планетата, како и предизвиците со кои се соочува светот. Во оваа книга Волш ја пренесува пораката со која Бог ни нуди пресврт на нашата планета; социјални, сексуални, образовни, политички, стопански и теолошки промени какви што досега немаме видено, а ретко сме ги и замислувале. Можеме ли навистина да изградиме таков свет? Бог вели дека можеме, а се што ни е потребно е нашиот избот навистина да го направиме тоа.

Разговори со Бога – Книга прва беше божја топла прегратка околу рамењата. Книга втора се доживува повеќе како благо предупредувачко протресување на тие рамења. Таа е повик за будење, предизвик да се појде кон следното ниво.

Сите нешта почнуваат од тебе. Сакаш светот да се промени? Промени ги нештата во својот свет!

 

 

 

neale-donald-walsch

Нил Доналд Волш

Нил Доналд Волш (10 септември 1943 година) е американски автор, актер, сценарист и говорник. Најпознат е по серијата книги Разговори со Бога. Други познати дела му се Пријателство со Бога, Комуницир...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил