Се гледаме на врвот (тврд повез)

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-557-8

Година на издавање: 2018

Димензии: 125/195

Нема на залиха

Краток опис

КНИГА ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО СОНУВААТ ГОЛЕМИ СОНИШТА

Се гледаме на врвот е една од најинспиративните приказни за успехот напишани на македонски јазик. Кратко по своето објавување во 2013 година, книгата прерасна во апсолутен хит на книжевната сцена, а четири години подоцна го бележи своето единаесетто издание! Успешно поминувајќи го тестот на времето, Се гледаме на врвот продолжува да влијае на нови генерации читатели кои во неа наоѓаат инспирација за личен развој и деловен успех.

Во Се гледаме на врвот, Коста Петров, основач на компанијата Пи Ворлд Македонија, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големите можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што веруваат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“ Јагода Михајловска-Георгиева, писател

 

kosta-petrov

Коста Петров

Коста Петров е основач на „Пи Ворлд“, македонска креативна агенција која ги организира некои од најголемите светски настани за маркетинг, односи со јавност и човечки ресурси во 30 земји во светот, в...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил