Шангај бејби

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2013

Димензии: 125Х195

Нема на залиха

Краток опис

Коко е келнерка во едно шангајско кафуле. Таму го среќава младичот Тјантјан кој необјасниво ја привлекува. Се вљубува во него и подоцна дознава дека е импотентен и наркоман. Таа ја напушта работата оди да живее кај него и почнува да пишува роман. Подоцна  со стек на околностите го запознава Марк оженет Германец што работи во Шангај. Нивната телесна привлечност прераснува во страст. Стануваат љубовници но...

Судирот што ги раскинува главните јунаци на оваа трагична урбана кинеска приказна, судејќи според сѐ, е судир што го предизвикуваат противречностите на кинеското општество на крајот на дваесеттиот век.

По стилот блиска до својот идол Хенри Милер, Веј Хуј храбро крши безброј предрасуди и пред читателите изнесува автентично четиво чија содржина никого не може да го остави рамнодушен.

wei-hui

Веј Хуј

Веј Хуј е млада кинеска писателка, родена во 1973 година во местото Јујао, во провинцијата Цечјанг. Дипломирала кинески јазик и литература на престижниот универзитет Фудан во Шангај. Од 1995 година ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил