Агриџенто

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-282-9

Година на издавање: 2014

Димензии: 0

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

ДОБИТНИК НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

Што може да се случи кога во градот Агриџенто на Сицилија ќе се сретнат неколку необични судбини? Еден несекојдневен лекар – кој се нурнува во историјата на антички Акрагант, а кого што на тоа патување го води големиот филозоф Емпедокле, син на тој град. Неговата ќерка Изабела, сликарка што трага по ослободување, но не во уметноста туку во непредвидливата судбина. И еден Грк кој одбира бегство и враќање кон својата прва љубов за да се спаси од презаситеноста и здодевноста на животот. А и еден бегалец од законот кој се крие во засолниште тука, во градот, анализирајќи си го животот и разбивајќи го митот за организираниот криминал. А тука е и еден расчинет свештеник, кој заедно со својот брат, се потсетува на лицата и настаните од една друга Сицилија...

Овој роман е химна за таа друга, поинаква Сицилија, напишан на доволно растојание од стереотипите и пристрасноста. Но тој е и книга-химна за реалниот живот и за една татковина што повеќе не постои. Зашто Агриџенто не е само обичен град...

 

kostas-hadjiantoniou

Костас Хаџиантониу

Костас Хаџиантониу (Κώστας Χατζηαντωνίου) е роден во 1965 година, на островот Родос. Студирал политички науки и јавна администрација на Правниот факултет на Универзитетот во Атина. Неговиот писателс...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил