Јас тајкунот

Издавач: КСЦ

ISBN: 9786084850069

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

По дваесет и осум години молчење, проговори Мирослав Мишковиќ, најголемиот бизнисмен во Србија од крајот на XX и почетокот на XXI век. Зошто молчеше? Зошто проговори сега? Книгата Јас, тајкунот е единствената исповед на човекот кого Милошевиќ го сметаше за соработник, Ѓинѓиќ за пријател, Тадиќ за противник, а Вучиќ за непријател. Таа дава целосен поглед на српскиот претприемач, на историјатот на недоразбирањата меѓу државата и нејзините бизнисмени, на менталитетот на српскиот политичар и работник, на економското минато, сегашноста и иднината на Србија и регионот. Мирослав Мишковиќ првпат зборува за тоа како го заработил првиот милион, а како Макси ја продал за милијарда, како ги развивал и зошто ги продал компаниите, каква е логиката на работењето и природата на знаењето потребни за креирање бизнис. Откривајќи ги тајните на најуспешните компании од Вардар до Триглав, оваа книга станува вистински учебник по практична економија. Опишувајќи ги најголемите подвизи и промашувања на нејзиниот лидер и раскажувајќи за тоа како го киднапирал Земунскиот клан, а како го уапсила актуелната власт, исповедта на најпознатиот тајкун прераснува во несекојдневна автобиографија што го поставува економскиот трилер како нов жанр во нашата литература.

miroslava-mishovikj

Мирослав Мишковиќ

----...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил