Јас, Тито и Мики Маус

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-232-4

Година на издавање: 2014

Број на страници: 135

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Сатиричниот роман Јас Тито и Мики Маус е без конкуренција во овој жанр во македонската современа литература.

Приказната се случува во едно мало селце на Балканот каде што повремено доаѓа некакво заталкано патувачко кино кое, најчесто, прикажува само цртани филмови. Соживувајќи се со филмовите, луѓето, особено старците и неколкуте деца што живеат во местото, постепено почнуваат да се идентификуваат со јунаците на цртаните филмови, а фикцијата полека се меша со реалноста, па веќе не се знае што е фикција, а што реалност. Притоа разградувањето на стварноста од нејзините банални стандарди и стереотипи, било историски, било граѓански, било семејни, е изведено исклучително успешно со еден инвентивен хумор и разорна иронија, коишто, во крајниот ефект, всушност се катарзични, здрави и исцелителни.

Приказната блика од хумор и сатира која брилијантно, на крајно инвентивен литерарен начин, ја демистифицира балканската митоманија, потврдувајќи го уште еднаш раскажувачкото мајсторство на Блаже Миневски како врвен македонски прозаист.

Романот Јас, Тито и Мики Маус е мајсторска проза за чудесното опредметување на недофатливата реалност.

 

blazhe-minevski

Блаже Миневски

Блаже Миневски е автор на романите Требаше да се сликаме пред да се замразиме, Приказна за третиот, Свирци, Црна лисица и Нишан, а досега има објавено и неколку книги раскази, меѓу кои и Пристапната...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил