Авантурите на лошото девојче

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307749

Година на издавање: 2021

Број на страници: 312

Димензии: 125/195

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Таа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.

Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.

Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот, и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум.

Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?

„Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“

Сан Франциско кроникал

mario-vargas-llosa

Марио Варгас Љоса

Марио Варгас Љоса (28 март 1936, Арекипа, Перу) е перуански романсиер, драматург, новинар, политичар и есеист. Во 2010 година ја доби Нобеловата награда за литература поради, како што е истакнато од...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил