Беатриче и Вергилиј

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2013

Број на страници: 169

Димензии: 140X205

Корица: softcover

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Како и во својот прв роман Животот на Пи кој стана светски бестселер канадскиот писател Јан Мартел во својот нов роман Беатриче и Вергилиј ја употребува алегоријата како книжевна техника и им го „позајмува“ гласот на животните кои стануваат главни ликови во неговите приказни. 
Во Беатриче и Вергилиј Мартел зборува за една од наjголемите трауми во дваесеттиот век преку една метафорична интимна и едноставно раскажана приказна. Романот започнува кога еден млад писател чија биографија неверојатно потсетува на биографијата на самиот Мартел почнува да добива мистериозни писма кои содржат раскази и драми напишани од непознат писател а кои раскажуваат приказна за две животни: мајмунот Вергилиј и магарето Беатриче. Како што тече романот читателот полека насетува што се крие зад алегориите и метафорите за да стигне на крајот до шокантните последни страници...

„Беатриче и Вергилиј ја поседува онаа едноставна книжевна убавина и мистериозност како и Животот на Пи. И повторно зборува за тешки теми и важни прашања на еден непретенциозен, но суштински начин.“ Њујорк тајмс

yann-martel

Јан Мартел

Јан Мартел е канадски писател, роден во Шпанија, во 1963 година. По завршувањето на студиите по филозофија, патувал низ светот и се занимавал со најразлични попатни работи, а од својата 27 година це...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил