Бело-црвен свет

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2014

Димензии: 140/210

Нема на залиха

Краток опис

„Бело-црвен свет“ е возбудлив и луцидно напишан роман набиен со многу енергија и црн хумор кој ја открива мрачната слика на посткомунистичка Полска во која младите без образование и работа талкаат низ работничките гратчиња на Балтикот каде единствени случувања се сексот дрогата и конфликтите со Русите. Главниот јунак Анджеј „Силниот“ Робаковски е пандан на Селинџеровиот јунак од „Ловец во ’ржта“. Кога ќе го остави девојката во која е вљубен тој го бара спасот од очајот во дрогата и сексот. Под превезот на класичната љубовна приказна се крие жесток бунт против општеството заробено меѓу Истокот и Западот во кое капитализмот ги обезличува луѓето и ги претвора човечките врски во стока за широка потрошувачка.

Романот-првенец на Дорота Масловска е силен портрет на љубовта, безнадежноста и политичката реалност на Источна Европа. Веднаш по објавувањето стекна култен статус во Полска и ја смести Масловска меѓу највлијателните литературни гласови на европската културна сцена. 

Брз и мошне збиен, роман што изобилува со бои, крајно несекојдневен... Веднаш се забележуваат сличности со Кафка, Гомбрович и Гедис. Ноје цирихер цајтунг 

dorota-maslowska

Дорота Масловска

Дорота Масловска, наречена вундеркинд на полската проза, е романсиер, драматург и новинар. Родена е во 1983 година, во Вејхерово. Романот Бело-црвен свет го напишала кога имала само 18 години. По об...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил