Бизарни раскази

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082435084

Број на страници: 224

Димензии: 13×20

Корица: softcover

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Збирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме.

Бизарен е светот во кој живееме, ставен во непрестајно движење и постојано менување. Такви се и овие фасцинантни раскази – огромно патување, книга што преку чудовишното ги поткопува сите очекувања.

Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата. Што ли го чека на следната страница?

Ова не се само приказни за клонирање, осаменост и неможност да се сфатиме себеси и својата положба во утврдените општествени улоги, туку секој расказ е визија што ја поттикнува потребата да му дадеме смисла на светот.

Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста – за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме.

olga-tokarczuk

Олга Токарчук

Олга Токарчук (родена 1962) е веројатно најчитаната и најважната современа писателка од Полска. Студирала психологија. Објавува песни, куси прози, романи и есеи. Има „митски“ тон на пишување, со многу ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил