Бувот лови само ноќе

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082434865

Број на страници: 416

Димензии: 13×20

Корица: softcover

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.

Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…

Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.

samuel-bjork

Самуел Бјорк

Самуел Бјорк (1969) е псевдоним на норвешкиот романописец, драмски писател и музичар кантавтор, Фроде Сандер Ојен. Како самоук уметник што ретко е присутен во медиумите, зад себе има шест студиски албу...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил