Цената на водата во Финистер

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2015

Димензии: .

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

На возраст од 55 години никогаш именуваната протагонистка на овој роман одеднаш без најава се качува во кола и заминува од својот роден град и татковина. Без посебна причина се сместува во Финистер или finis terrae крајот на земјата. Овие страници се сведоштво за првата година од комплицираниот и понекогаш „невозможен“ престој во Франција при што „да се биде среќен“ за протагонистката е цел доволна сама по себе.

 Додека ги следиме нејзиниот огромен ентузијазам и храбрите обиди да создаде прекрасна градина и да го уреди својот нов дом, битката со градината и деструктивните инсекти станува еден вид метафора за животот. Уредувањето на новиот дом е како одново уредување на животот, делче по целче, цвеќе по цвеќе, битка по битка.

Мајсторски везејќи ги емотивните, лутите, провокативни согледувања за најразлични теми – од повторно пронајденото задоволство во ценкањето, мизеријата на писателската блокада, социјалдемократијата, расизмот, тулипоманијата, лошиот француски, контролата врз молците до насладата во дивеењето на ветрот, не може а да не нè привлечат страста и хуморот на Малмстен. Истовремено возбудлив и неверојатно забавен, ова е жив, неповторлив и длабоко сериозен роман кој восхитува. 

 

bodil-malmsten

Бодил Малмстен

Бодил Малмстен (1944) е шведска писателка, драмски автор и културен хроничар. Нејзиниот татко бил агроном, а поради раниот развод на родителите живеела кај баба ѝ и дедо ѝ од мајкина страна во Бјерм...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил