Човековото тело

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-246-1

Година на издавање: 2014

Димензии: 140-210

На залиха
As low as 320  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Кој верува во војската не е во опасност да потфрли ниту се плаши од болката и од смртта зашто болката и смртта се средства со чија помош таа се служи со тебе.

Премалени од жештината, од здодевноста и од стравот од опасностите што ги демнат, а секој ден им изгледаат сè понестварни, група италијански војници во една истурена оперативна база во Авганистан, „песочен бедем изложен на опасности“ далеку од сè што им е блиско и познато, се принудени нагло да созреат и самите да се справат со туѓината и сопствената несигурност. Ноќе, кога базата тоне во целосен мрак и тишина, единствените звуци што ги слушаат се рамномерното дишење, биењето на срцата, шумот на внатрешните органи – непрестајната работа на нивните тела.

А потоа, една навидум банална одлука ги втурнува во вистински пекол, па сите, и оние на кои војската им е сиот живот и оние кои отишле во војска за да побегнат од животот, ќе откријат кои се и какви се.

Човековото тело е роман за војната во разните нејзини отелотворенија – меѓу кои и невидливата и мошне опасна војна со самиот себе. Човечка и човечна приказна за една загубена младост, која ќе ве насмее и растревожи кога најмалку очекувате.

 

paolo-giordano

Паоло Џордано

Паоло Џордано е роден во 1982 година во Торино, Италија. Дипломирал физика на Универзитетот во Торино, а на истиот универзитет и докторирал во областа теориска физика во 2010 година. Со пишување поч...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил