Црвено око

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4569-37-4

Година на издавање: 2016

Димензии: 140/205

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Петнаесетгодишниот Халим дете на марокански родители родено во Стокхолм секојдневно води дневник кој претставува жива слика на неговата конфузија пред светот во потрага по сопственото место во него. И како да не му е доволно прекршувањето меѓу шведскиот и арапскиот менталитет го погодуваат и пубертетски маки проблеми во училиштето и вљубувањето. Пловејќи низ животот и трудејќи се да не се удави во болните спомени за мајка си Халим се справува со сето тоа како што знае и умее. Си зацртува две цели: да ја освои Марит и да ги сочува своите корени да се спротивстави на „пошведувањето“ и интеграцијата во општеството кое не го доживува како свој културен простор. Но претставата што овој тинејџер роден во Шведска ја има за арапскиот свет е всушност стереотипна и западњачка претстава за Ориентот.

Но набрзо ќе ја проѕре суровоста на светот и апатијата на својот татко, кој се откажал од Борбата. И кога ќе сфати како моќта на Алах е поврзана со судбината и зошто интелектуалците личат на куци камили, Халим кове план: да стане најмоќен револуционерен црноглавец во Шведска и мислечки султан кој ги открива кодовите и ги освојува најубавите женски...

jonas-hassen-khemiri

Јонас Хасен Кемири

Јонас Хасен Кемири (Jonas Hassen Khemiri), роден во 1978 година во Стокхолм, е еден од најпопуларните и најчитани прозни и драмски писатели од помладата шведска творечка генерација. Неговите романи ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил