Девојката што си играше со оган

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786084577652

Година на издавање: 2010

Димензии: 140X205

Нема на залиха

Краток опис

Во вториот дел од трилогијата Милениум Лизбет Саландер и Микаел Блумквист повторно се наоѓаат во центарот на една  напната и возбудлива приказна. Сè започнува со убиството на младиот новинар на магазинот Милениум и неговата девојка непосредно пред објавувањето на нивната голема репортажа за трговија со луѓе. На оружјето со кое е извршено убиството се пронајдени отпечатоците на Лизбет Саландер. Имајќи ги предвид нејзиното минато и дебелото досие од психијатриска клиника полицијата објавува потера по неа. А од Саландер нема ни трага ни глас...Микаел Блумквист е запрепастен кога дознава дека Лизбет Саландер е осомничена за убиството на неговиот пријател. Свесен колку знае да биде жестока кога е во опасност, сака да ја најде пред да падне во туѓи раце. Во обид да ја состави сложувалката за убиството на своите пријатели, одговорниот уредник на Милениум се впушта во уште една опасна потрага. Низ соочувањето со бездушни криминалци, но и со оние што учествуваат во злосторствата од високи државни позиции, Микаел Блумквист доаѓа до нови, запрепастувачки сознанија, со што минатото на Лизбет добива сосема поинаква димензија. Мистеријата полека се расветлува...Стиг Ларсон успеал во речиси невозможното: да напише продолжение што ќе биде понапнато и покомплексно и од првиот дел и повторно на фасцинантен начин да ги открие скриените страни на општеството.

stieg-larsson

Стиг Ларсон

Стиг Ларсон е шведски писател, автор на мегапопуларната трилогија Милениум и еден од најчитаните автори на денешницата. Иако никогаш не доживеа да ја види големината на своите дела (почина ненадејно...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил