Едно лето со Бодлер

Издавач: ИЛИ-ИЛИ

ISBN: 9786082610306

Број на страници: 172

Корица: softcover

На залиха
As low as 200  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ниеден поет не ни оставил толку впечатливи стихови. Ниеден писател не зборувал подобро за љубовта, за сплинот, за патувањето. За него, летото било неповратното годишно време на детството, изгубениот рај што неговата поезија би сакала одново да го пронајде.

Модерен и антимодерен, Бодлер останува наш современик, иако некои од неговите ставови можат да нè вџасат. Тој го мразел напредокот, се интересирал за фотографијата за да ја омаловажи, помислувал да се самоубие затоа што весниците го зголемувале тиражот, се соочувал со вечното Зло.

Делото на овој повреден човек – поезија во стихови и во проза, уметничка и книжевна критика, интимни извадоци, сатири и памфлети – најпрво било осудено поради провокациите во него. Кратко потоа, им се придружило на класиците.

Бодлер, кој им се воодушевувал на Делакроа и на Мане, бил еден од најпроникливите набљудувачи на десакрализацијата на уметноста во модерниот свет. Денди, пријател на собирачите на партали, тој бил битие на парадоксот и на оригиналноста.

Скокајќи и потскокнувајќи, како во „Едно лето со Монтењ“, со книгава на Антоан Компањон ги препрочитуваме „Цвеќињата на злото“ и „Сплинот на Париз“. Во триесет и три поглавја, тој нè кани да споделиме еден Бодлер што останува единствен и не допушта никакво поедноставување.

antoine-compagnon

Антоан Компањон

Антоан Компањон, писател и професор на „Колеж де Франс“, е автор на дела посветени на славни филозофи и поети од минатото.

По емитувањето на „Радио Франс“ како едукативни емисии, како печате...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил