Ефектот на Марко

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082435480

Број на страници: 496

Димензии: 13×20

Корица: softcover

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, петнаесетгодишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер. Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.

Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до фрапантни тајни за кланот. Плашејќи се дека ова откритие може да стигне до полицијата, Зола и неговите луѓе почнуваат да го бркаат Марко.

Неговите патишта сега се вкрстуваат со оние на детективот Карл Морк. Кога Карл ќе сфати што сè знае Марко, ќе одлучи да ја реши мистеријата и да го спаси момчето. Мистеријата се протега од Данска до Африка и води до високата политика и бизнис, каде што не постојат правила на игра, а човечкиот живот се множи со нула.

jussi-adler-olsen

Јуси Адлер - Олсен

Јуси Адлер-Олсен (1950) е еден од најпопуларните и најчитани дански писатели. Во младоста свирел гитара во неколку поп-групи. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на ф...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил