Човекот од креда

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-661-2

Година на издавање: 2019

Број на страници: 285

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 320  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Во 1986 г., во своето задремано англиско селце, Еди и неговите другари го минуваат безгрижно летниот распуст пекајќи по некаква авантура. Таа доаѓа во ликот на новиот наставник – висок и необично бел човек когошто го нарекуваат Човекот од креда. Од него ги добиваат првите креди во боја и идејата да си оставаат нацртани пораки разбирливи само за нив. Сè додека еден ден мистериозно појавеното човече од креда не ги одведе кон едно распарчено човечко тело запретано под лисјата во шумата...

Во 2016 г. Еди е веќе возрасен човек и наставник во своето некогашно училиште. Монотоното секојдневје му го нарушува неочекуваното пристигнување на едно писмо – човече нацртано со креда. Излегува дека истото писмо го добиле и неговите другари од детството. Кога еден од нив ќе биде најден мртов во реката, ќе сфатат дека не се работи само за лоша шега. За да се спаси од кошмарот, Еди мора да сфати што точно се случило пред 30 години...

„Имав заборавено што значи непроспиена ноќ затоа што не можеш да се разделиш од некоја книга. Благодарение на Човекот од креда, повторно се потсетив на тоа чувство.“ Фиона Бартон, Њујорк тајмс

„Сакате да прочитате нешто добро?... Ако ги сакате моите дела, ова сигурно ќе ви се допадне.“ Стивен Кинг

k-tjudor

К. Џ. Тјудор

К. Џ. Тјудор е родена во Салисбери. Пораснала во Нотингем, каде што живее и денес со својата партнерка и малата ќерка. Низ годините работела како телевизиска водителка и копирајтер. Човекот од креда е...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил