Двојна измама

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-348-2

Година на издавање: 2015

Димензии: .

На залиха
As low as 450  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Специјалистот по форензичка психологија и ФБИ-агент Алекс Крос се соочува со својот најкошмарен противник – сериски убиец што сака да стане господар на ужасот. Токму кога почнува да води мирен живот со својата девојка и им се посветува на редовните психотерапии со пациентите доктор Крос е принуден да се врати во игра поради низата дотогаш невидени убиства што го потресуваат Вашингтон. Зад нив стои Убиецот за публика – грозоморниот гениј жеден за слава што ги сценира убиствата како јавни дела низ градот и ги прикажува во живо на Интернет.
Во Колорадо уште еден криминален ум го планира своето триумфално враќање во јавноста. Од својата затворска ќелија со максимално обезбедување Кајл Крег со години го крои планот за бегство и одмазда. Тој сака да работи сам без обожаватели и имитатори. Но ако треба подготвен е да ги здружи силите со Убиецот за публика за да дојде до човекот што го уапсил пред четири години – Алекс Крос...

„Двојна измама е најдоброто дело на Патерсон досега, возбудливо и полно со акција. Додека ја читаш имаш постојано чувство дека од Крос и од неговиот автор допрва претстои нешто уште поголемо.“ Bookreporter.com

 

james-patterson

Џејмс Патерсон

Џејмс Патерсон (1947) создал потрајни литературни ликови отколку кој и да е друг жив писател. Автор е на романите за Алекс Крос, кои претставуваат најпопуларен детективски серијал во последните двае...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил