Небеска Тимјановна

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-637-7

Година на издавање: 2020

Број на страници: 295

Димензии: 140/210

Корица: softcover

На залиха
As low as 280  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колкупати по толку. Вистини има колку што има и луѓе. И живи и мртви.

Со овие зборови големиот Петре М. Андреевски ни ја отвора приказната на Небеска Тимјановна, оставајќи ја самата да ни ја раскаже. А како да се раскаже цел еден живот – тегобен и испреплетен со маките на сопствениот народ? Има ли зборови што можат да го опишат тоа што го гледаат очите, тоа што го страда срцето? И колку цврст треба да биде човекот за да ги издржи животните искушенија: стрелањето на непокорниот татко, љубовниот неспокој што мора да се крие од другите, пеколните борби во планините, цицалчето кое мора да се напушти, обвинувањата на довчерашните другари, страдањето во логорите заради идеалите за кои е жртвуван целиот живот?...

И пак да сe најдат сили за да се надмине сè и на крајот сè да се раскаже – за да остане запаметено, за да не се заборави.

petre-m-andreevski

Петре М. Андреевски

Петре М. АНДРЕЕВСКИ (1934 – 2006) е поет, раскажувач, драмски писател и есеист. Роден е во Слоештица, Демир Хисар. Гимназија завршил во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Груп...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил