Шапката на Волшебникот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307848

Година на издавање: 2021

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Еден пролетен ден Муминтрол, Снусмумрик и Сниф тргнуваат во потрага по нешто необично. На еден планински врв наоѓаат висока, црна шапка.

Наскоро ќе се покаже дека мистичната шапка има волшебна моќ. Сè што се става во неа се преобразува во нешто друго: лушпите од јајца стануваат розови облачиња на кои може да се седи и лета, а куќата на Мумините се претвора во џунгла. Но еден ден се случува нешто страшно. Муминтрол се покрива со шапката додека играат криеница, а кога излегува од неа никој не го препознава. Тој е претворен во чудно суштество со големи уши и долга опашка. Што ќе се случи сега со него?

Шапката на Волшебникот е третата книга на финско-шведската писателка Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.

tove-jansson

Туве Јансон

Туве Јансон (Tove Jansson, 1914 – 2001) е родена како најстаро дете во уметничко семејство. Татко ѝ бил финско-шведскиот скулптор Виктор Јансон, а мајка ѝ шведската илустраторка и цртачка Сигне Хама...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил