Желбата на ежот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082307909

Година на издавање: 2021

Број на страници: 136

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 199  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Кога сме заедно, ние го имаме најдоброто време на светот. Тогаш сме безвременски.

Колебливото еже живее осамено во својата куќичка во шумата. Никој не му оди на гости, а тоа никако не може да се реши да ги покани. Долго ја смислува поканата, но дали воопшто треба да ја прати? Што ако му дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?...

Ежето со денови ги замислува сите посети на животните од шумата, од морето и пустината. Можеби ќе немаат за што да разговараат? Можеби дабарот, носорогот или мечката ќе му ја растурат куќата? Јастогот може да му ги извади боцките со своите клешти, осата може да го боцне. Слонот ќе му ја скрши масата, а китот ќе му ја поплави куќата. А песната на славејот, пак, многу ќе го растажи...

За тоа време, желката и полжавот упорно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат. Дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?

Чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.

toontellegen

Тон Телеген

Тон Телеген (18 ноември 1941) е холандски раскажувач и поет. Студирал медицина на Универзитетот во Утрехт, а потоа работел како општ лекар во Амстердам. Се смета за еден од најдобрите холандски автори ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил