Фатени во љубовна мрежа

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309200

Број на страници: 312

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 500  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Љубовта е секогаш повеќе од доволна

Фокс Тортон, ловецот на кралски ракови, живее во согласност со репутацијата што го следи од основно училиште – забава без обврски. Духовит, привлечен и навидум несериозен, женскиот заводник ги поминува викендите во блискиот град. Но кога во неговиот живот ќе се појави Хана Белинџер, принуден е да ги преиспита своите принципи.

Хана доаѓа на неколку дена во рибарското гратче со филмската екипа и се сместува во слободната спална соба на Фокс. Таа е имуна на неговиот шарм и се чини дека повеќе ужива во неговата личност. Бидејќи премногу му се допаѓа за да ризикува целосно да ја изгуби, тој го прифаќа понуденото пријателство. Но поминувајќи ги деновите со неодоливиот казанова од Вестпорт, Хана сфаќа дека се замаглува границата меѓу нивното другарство и флертот.

Дали ќе продолжат да се преправаат дека се само другари или ќе се осмелат да си ја признаат љубовта? Ќе успее ли Фокс да ги победи своите внатрешни демони и да ги оправда надежите на Хана? И двајцата треба да си одговорат многу прашања додека сè повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.

„Теса те разоружува со смеа, искриво ја запалува атмосферата, а потоа ти влегува право во срцето. Нежност, ранливост и вжештени ситуации – ете зошто Теса Бејли ми е една од омилените автори на сите времиња.“

Сали Торн

tessa-bailey

Теса Бејли

Теса Бејли, позната авторка на бестселери на Њујорк тајмс, се стреми кон три работи: да пишува страсни и незаборавни љубовни драми со впечатливи ликови, да биде добра мајка, и некогаш да се прикраде ме...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил