И се стана месечина

Издавач: ИЛИ-ИЛИ

ISBN: 9786084770664

На залиха
As low as 299  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

8’19’’ трае патот на светлината од Сонцето до Земјата,
8’19’’ уживате во читањето на секоја од 19-те приказни

Георги Господинов

Како и претходните негови книги, штом излезе од печат, и збирката раскази „И сè стана месечина“ на Георги Господинов стана најпродавана во Бугарија.Таа содржи деветнаесет приказни пишувани во последниве години, некои од нив веќе објавувани во разни светски антологии, а сега спакувани во еден книжевен простор. Според авторот, тие имаат заедничка атмосфера и ги поврзува заедничка логика. Збирката започнува со расказот „Осум минути и деветнаесет секунди“. Тоа е времето на патување на светлината од Сонцето до Земјата. Но тоа може да е и времетраењето на читање на секоја поединечна приказна. Обидете се, уживањето е само пријатна последица, затоа што Господинов знае со зборовите. Тој ги припитомува и оживува, за потоа врз нас да истури мноштво од различни емоции. Маестрално!

georgi-gospodinov

Георги Господинов

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени книг...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил