Италијански приказни

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308128

Година на издавање: 2021

Број на страници: 956

Димензии: 21 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 550  ден. Regular Price 550  ден.  -191  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Бајките патуваат низ времето и просторот, премостуваат векови и континенти, преминуваат низ општествените слоеви опишувајќи го патот кон успехот или падот, низ раскажување кое се обновува и постојано го преобразува слушателот во наратор, и обратно.

Италијанските народни приказни распостилаат пред нас еден волшебен свет на маѓепсници и зли сили кои го демнат човекот, но кои тој секогаш успева да ги надитри. Тоа е еден напати нереален универзум населен со необични суштества, во време исполнето со чуда, а во суштина толку човечки. Кога се запишани од мајсторот на книжевниот збор Калвино, бајките стануваат ремек-дело повистинито од кој било современ роман. Не затоа што ни раскажуваат возбудливи приказни за јунаци и вештери, самовили или змејови, туку затоа што нè учат како да го живееме животот опкружени со нивните метафори.
Калвино во овие бајки го внел целиот раскошен свет на кралеви и принцези, но и на сиромашни селани и момчиња кои со својата остроумност успеваат да се извлечат од замките на судбината и да се кренат над неа. Успевајќи со своето перо да ги истакне уникатните одлики на националниот фолклор, со овие приказни тој остава неповторлив печат во светската литература.


Овие традиционални италијански приказни прераскажани од книжевниот мајстор се вистинско литературно богатство.
Лос Анџелес тајмс

Избрани приказни прераскажани од една од најголемите книжевни икони.
Њујорк тајмс бук ривју

italo-calvino

Итало Калвино

Итало Калвино е еден од најзначајните италијански и светски автори, критичар, есеист, преведувач, новинар, неуморен патник, предавач на многу универзитети, експериментатор во раскажувачките постапки...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил