КАРАНТИНСКИ ПРИКАЗНИ

Multiple Authors

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-704-6

Година на издавање: 2020

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Редакцијата на ТРИ одлучи во периодот што сите нам ни го промени светогледот да направи еден вид пишувачки „експеримент“. Го нарековме „Карантински предизвик – Антологија на изолацијата“. Во него успеавме да ги собереме сите запишани мисли и значајни мигови на луѓето во нашата земја кои се соочуваат со карантин, збор кој се претвори во ехо во нашата колективна свест. Најголема заслуга имаат токму оние кои ни ги пратија своите дела, несебично и во голем број. Тоа значи дека во духот на креативноста и надежта, човекот секогаш посегнува по слободата да се изрази. Преку вербата кон пишувањето и книжевноста, наоѓаме начин да се исцелиме од сите негативни мисли што нè опкружуваат. Оваа книга е сведок на едно време, на еден свет кој се труди да се избави од најтешкото, завештание кон историјата на современата македонска книжевност. Нашата намера беше да понудиме „спас“ од чувството на изолација со пишување кое ќе нè излекува. Овие страници се посветени на длабоката желба да бидеме заедно и во најосамените мигови, наше прибежиште и доказ за нешето присуство. Им благодариме на сите што ни ги пратија своите дела, на нашите раскажувачи кои несебично ги споделија своите мисли со нас. Останете инспирирани и во добро здравје, Тимот на ТРИ

Author Not Found

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил