Математички текнувалки (5-6 години)

Издавач: Едука Мак

ISBN: 9786084737735

Број на страници: 68

Димензии: 29cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Едукативен и интегриран прирачник по математика за деца од предучилишна возраст со современа концепција и структура!Одобрено од Министерство за труд и социјална политика. Двата лика ТЕКНУВАЛКА и ТЕКНУВАЛКО ги водат децата во математички истражувалки, решавалки и неверојатни патувалки. Прирачникот е компитабилен со принципите и аспектите на програмата за рано учење и развој со примена на холистичкиот пристап во обработката на содржините. Активностите се длабоко осмислени со различни илустративни и содржински креативни решенија за интегрирање на целите и задачите од повеќе воспитно-образовани подрачја и различните аспекти од развојот на детската личност. Прирачникот е погоден за индивидуални активности на децата, за развој според сопственото темпо и за неговото следење од страна на возрасните. Воедно даваат одлична можност и за воспоставување на интеракции и комуникација на релација дете-дете и дете возрасен. МАТЕМАТИКАТА Е СЕКАДЕ ОКОЛУ НАС! Математиката е музика, танц, движење, цртање, боење, говорење, емоција. Математиката е дружење, играње, мислење и текнување.

--several-authors--

-- повеќе автори --

Повеќе автори...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил