Училишен театар

Издавач: Македоника Литера

ISBN: 9786082520094

Број на страници: 158

Димензии: 200x140

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Книгата содржи близу четириесет пиески (едночинки) за деца, со теми од животот на современо дете: домот, училиштето, улицата, детската игра, природата... Покрај децата јунаци (главни и споредни), во пиеските се сретнуваат и „претставници“ на животинскиот и растителниот свет, но и птиците, инсектите и таквите мали-големи нешта од секојдневјето кои човекот не ги забележува многу, а се многу важни во животот и на луѓето, но и за рамнотежата во природата. 

Оваа книга, всушност, е мозаик од куси драмски текстови, во коишто доаѓа до израз искуството и богатата творечка фантазија на авторот, на чии крилја детските желби и соништа си ја наоѓаат вистинската „земја на соништата“, но авторовото чувство и хуморната интонација на детското секојдневие. Преку тие куси секвенци од животот на децата, авторот на одбран начин им покажува: што можат, а што не смеат да го прават. Но тоа не го прави со некоја „разголена“, отворена дидактичност, ами со своевидна, уметничка мерка. Моралната поука се чита меѓу редовите на пиеските. Таа доаѓа самата по себе. Воспитните елементи, или моменти, произлегуваат од самата содржина. Од материјата вообличена во уметнички, драмски текст.

--unknown--

-- непознат автор --

Непознат автор...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил