Книжевни каталози

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786085021055

Број на страници: 242

Димензии: 20cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 320  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Марија Ѓорѓиева-Димова, како едно од водечките имиња на актуелната книжевно-теориска и книжевно-критичка сцена, преку своите дванаесет исклучителни компаративни студии поместени во четири „каталози“, ни нуди длабок, прецизен, строг, но и сеoпфатен увид во калеидоскопот на македонската книжевност од крајот на XX и почетокот на XXI век. Суштински упатена во стожерните подвижници на теориската мисла, таа со мајсторска вештина и со усет за нијансите ги чита и ги толкува, ги анализира и ги вреднува како веќе утврдените „класици“ така и најновите бисери на македонската литература за кои книжевната критика речиси воопшто се нема изјаснето.

Со креативна и инвентивна примена на книжевната теорија во толкувањето на делата, таа ги втемелува своите студии врз оригинален потход и систем: по теориската контекстуализација се преминува кон исцрпна елаборација на интерпретативната рамка, која е до збор доследно применета врз херменевтичките исчитувања на книжевните творби, што редовно кулминира со снајперски прецизни теориски согледби и синтези кои ни овозможуваат далеку подлабоко да ги доживееме анализираните дела.

Владимир Мартиновски

marija-gjorgjieva-dimova

Марија Ѓорѓиева Димова

Д-р Марија Ѓорѓиева Димова (1973) е редовен професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде што предава Теорија на книжевност и Книжев...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил