Квадрантот на протокот на парите

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308852

Година на издавање: 2022

Број на страници: 308

Димензии: 21cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Квадрантот на протокот на парите ќе ви открие многу работи што не се учат во школо: зошто некои луѓе помалку работат, а повеќе заработуваат, плаќаат пониски даноци и се финансиски посигурни од другите. Тајната е во тоа да научите од кој квадрант да дејствувате и кога.

Книга што ќе ви го промени начинот на размислување за работните места, кариерата и поседувањето сопствен бизнис и ќе ве инспирира да ги научите правилата што богатите ги користат за да ги создадат своите империи. Дали некогаш сте се запрашале:

- Која е разликата меѓу (само)вработен и бизнисмен?

- Зошто некои инвеститори заработуваат со помал ризик?

- Како некои луѓе се осмелуваат да дадат отказ и да почнат сопствен бизнис?

- Зошто во индустриската ера беше важно да се добие диплома, а денес врвни дипломци работат за луѓе кои не го завршиле образованието и сепак се меѓу најбогатите на светот: Бил Гејтс, Ричард Бренсон, Мајкл Дел, Тед Тарнер?...

Ова е книга за сите луѓе кои се подготвени да тргнат по сопствениот пат до финансиска слобода, наместо да се потпираат на сигурното вработување; кои сакаат да извршат коренити промени во својот живот; кои се подготвени да преминат од индустриската во информатичката ера. Квадрантот на протокот на парите е ваш незаменлив водич во нашиот современ свет на сè поголеми финансиски промени.

robert-kiyosaki

Роберт Киосаки

Роберт Т. Киосаки „Основната причина за финансиските проблеми што ги Мачат луѓето е тоа што со години се школуваат, но не научуваат ништо за парите. Резултат на школувањето е што научуваат да работа...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил