Лет

Издавач: Издавачки центар ТРИ

Година на издавање: 2015

Димензии: .

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Лет е трогателна приказна за Павле Андреевиќ млад воздухопловен поручник во војската на Кралството Југославија кој кон крајот на триесеттите години на минатиот век во Белград Нови Сад Петровград Мостар и Сараево го открива духот на времето но исто така запознава и многу великани на книжевноста и филмот како и зачетници на стрипот и фотографијата од тој период.

Еден рутински авијатичарски лет, непосредно пред почетокот на Втората светска војна, засекогаш ќе ја промени судбината на Палве, но и на целото негово семејство. Тој трагичен ден ќе го затвори кругот помеѓу животот и смртта и ќе стане главна вест во сите весници во Југославија, која ја очекува голем воен судир.

Владимир Арсениевиќ, еден од најдобрите и најнаградуваните млади српски автори и најмлад добитник на престижната награда на НИН, во романот Лет ја раскажува неверојатно искрената приказна за љубовта на двајца млади луѓе, пронижана со идеалите на епохата и со многу интересни реални личности.Овој возбудлив исечок од  времето на радиото, џезот, првите звучни филмови и аеропланите претставува вистински лет во минатото, кој го води читателот на незаборавно патување низ историјата на балканските простори.

„Елегантноста на нарацијата на Арсениевиќ е како огномет на дожд...“ The Times Literary Supplement

vladimir-arsenijevic

Владимир Арсениевиќ

Владимир Арсенијевиќ е роден 1965 год. Во Пула. Живее и работи како писател во Белград и е еден од најпознатите претставници на младата, алтернативна, прогресивна српска литературна сцена. Од 2000 д...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил