Медеја

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082309217

Број на страници: 126

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

...Никој нека не ме смета безначајна и бессилна,

ниту кротка, – јас сосем сум со друга природа…

Медеја е една од најпопуларните драми од антиката и бездруго најпрочуена од творештвото на Еврипид, која постојано доживува нови читања и реизданија. Во неа тој раскинува со традицијата, ги поткопува стереотипите и предрасудите и ја оспорува идеологијата на половите, се зазема за отфрлените и го предизвикува востановениот хеленски патријархален поредок и светоглед.

Приказната за убиството на сопствените деца, како одмазда за неверството на сопругот, е дел од современата имагинација и одигра важна улога во психоанализата, но и во правото, па и во политиката. Покрај честите продукции на сцените низ светот, Медеја е инспирација за огромен број нови верзии во сите уметности – во книжевноста и музиката, во филмската и ликовната уметност, во видеоигрите итн.

Што се случува кога луѓето на кои најмногу им верувате го погазуваат дадениот збор?

Фасцинантна и вознемирувачка приказна за тоа колку далеку е подготвена да оди жената за да се одмазди во машкиот свет.

euripides

Еврипид

Еврипид, (околу 480 п.н.е.–406 п.н.е.) бил последниот од големата „тројка“ драматурзи-трагичари на античка Атина, заедно со Есхил и Софокле.

Еврипид се смета за еден од најзначајните поети н...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил