Меланхолија на опторот

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-396-3

Година на издавање: 2015

Димензии: 120/200

На залиха
As low as 340  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Mоќен надреалистички роман во гогољевски манир за хаотичните збиднувања што го следат пристигнувањето на необичниот циркус во еден мал унгарски град.

Во своето култно дело Меланхолија на отпорот Ласло Краснахоркаи ги раскажува низата мистериозни настани што потресуваат едно заспано унгарско гратче. Циркусот кој ветува дека ќе го прикаже препарираното тело на најголемиот кит на светот пристигнува среде глува зима и предизвикува бизарни озборувања кај мештаните. Се шепоти дека циркусантите имаат злокобни намери, а преплашените жители се фаќаат за секаков феномен во кој наоѓаат привиден спокој – музика, космологија, властољубие. Ликовите во романот се незаборавни: злобната г-ѓа Естер, која крои планови да го заземе градот; нејзиниот маж слабак кој се повлекол од светот; кревкиот Валушка со главата во облаци, кој е наедно и херојот во книгата, единствената чиста и благородна душа...

Компактен, моќен и неизвесен, Меланхолија на отпорот е „нарација што тече бавно како лава, во пространа темна река“. А сепак, за чудо, овој роман, како што пишува Гардијан, „го вивнува читателот до месечевите височини.“

 

laszlo-krasznahorkai

Ласло Краснахоркаи

Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година, во Ѓула, Унгарија. Откако ги завршил студиите по право во Сегедин и книжевност во Будимпешта, од 1982 година започнува професионално да се занимава со пишу...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил