Mindset: Нова психологија на успехот

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082433431

Број на страници: 349

Димензии: 20cm

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

По неколкудецениски истражувања, светски познатата психологинка Керол С. Двек од Универзитетот „Стенфорд“ истапува со едноставно, но воодушевувачко сознание за моќта на менталните ставови, што таа ги нарекува mindset. Во ова брилијантно дело, Двек ни покажува како начинот на кој се поставуваме кон своите дарби и вештини може драматично да влијае врз успехот што го имаме во учењето, работата, спортот, уметноста и во речиси секое друго поле. Личностите со статични светогледи потешко ќе напредуваат од оние кои веруваат дека способностите може да се развиваат. Спознавањето на својот ментален став објаснува како успешните родители, наставници, менаџери и спортисти ја применуваат таа идеја за да постигнат исклучителни резултати.

Двек воведува феномен што го нарекува начин на размислување за лажен развој и ги насочува луѓето кон усвојување на подлабок начин на размислување за вистински развој. Таа, исто така, го проширува концептот надвор од поединецот, применувајќи го во групи и во организации.

Со правилни вештини на размислување, можете да ги мотивирате оние што ги водите, ги учите или ги сакате – за да го трансформираат својот и вашиот живот.

carol-s-dweck

Керол С. Двек

Керол Сјузан Двек (1946) е американска психологинка и една од најреномираните светски научници од оваа област. Професор е по психологија на Универзитет „Стенфорд“. Двек е позната по нејзиниот третман н...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил