Моќта на цврстиот карактер

Издавач: АНТОЛОГ

ISBN: 9786082434209

Број на страници: 384

Димензии: 13×20

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Зошто некои луѓе успеваат, а други не?

Споделувајќи сознанија од своите истражувања, Анџела Дакворт објаснува зошто талентот е речиси неважен за постигнување успех. Наместо тоа, вели таа, вистинските достигнувања се определени од сосема поинакви лични особини како што е препознавањето на страста и истрајноста до остварување на целта.

Анџела целото детство го слушала својот татко како ѝ вели: „Не, дефинитивно не си гениј“. Сепак, мошне млада ја добила стипендијата „Мекaртур“, која се нарекува „стипендија за гении“ и е симбол на официјалното признавање на исклучителноста.

Потпирајќи се на својата лична исповед и професионално истражување, Дакворт го опишува патот на учење, дообразување и советување, со што покажува дека она што навистина води до успех не е генијалноста, туку посебен спој на карактерот во кој се вплеткани страста и долготрајната упорност.

Прониклива, остроумна, победнички настроена, ова е книга што го менува животот – задолжително четиво за секој што сака да успее!

angela-duckworth

Анџела Дакворт

Анџела Дакворт е професор по психологија на Универ­зитетот во Пенсилванија и стипендист на Мекартур во 2013 година. Во својата кариера има направено повеќе студии за упорноста и за други атрибути што н...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил