Мочуриште

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-273-7

Година на издавање: 2015

Димензии: 140/210

На залиха
As low as 290  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Мистериозно убиство во една од сиромашните населби на Рејкјавик е воведната сцена во овој мрачен и возбудлив трилер на исландскиот писател Арналдур Индридасон. Истражувајќи го случајот полицијата открива низа шокантни и неверојатни сознанија кои го водат читателот во една вртоглава авантура низ студените исландски градови. Главниот лик во романот детективот Ерлендур е еден од оние незаборавни фигури во детективската проза какви што се Шерлок Холмс Херкул Поаро или Сем Спејд.

Мочуриште е динамичен и возбудлив трилер, преполн со мистерии и пресврти сè до последната страница, но и неверојатно прецизен и сликовит опис на скандинавскиот живот. Истовремено класична детективска приказна и современ роман со незаборавни ликови и мајсторски доловена атмосфера, уште од своето објавување е прогласен за книжевен феномен и до денес е објавен во милионски тиражи. Огромната популарност на романот резултираше со низа продолженија, многубројни изданија и огромен успех низ целиот свет.

„Морничав роман, беспрекорно напишан и многу посликовит и подлабок од современите трилери.“ Индепендент

„Во исто време застрашувачки и трогателен роман, невероjатно динамичен, но многу интелигентно и вешто напишан.“ Тајмс

arnaldur-indridason

Арналдур Индридасон

Арналдур Индридасон е роден во Рејкјавик, во 1961 година. Повеќе од две децении е најчитаниот и најпреведуван исландски писател, а најпознат е по серијалот книги во кои главен лик е полицискиот инсп...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил