Можеби треба да разговараш со некого

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308098

Број на страници: 448

Димензии: 21 см

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Откривањето на тешките вистини си има своја цена, но и неспоредлива награда: слободата

 

Мудри и забавни записи на психотерапевтката чии книги „Њујорк тајмс“ постојано ги прогласува за бестселери. Готлиб храбро ни го открива својот живот, и како психотерапевт и како пацент, следејќи ги вистините и лагите што си кажуваме себеси и на другите растргнати меѓу љубовта и омразата, вината и прошката, стравот и храброста да се впуштиме во промени.

Иако сè поотворено разговараме на теми кои некогаш се сметаа за многу интимни, штом ќе се споменат анксиозноста и депресијата, веднаш замолчуваме. Затоа, секому му треба ваква книга  – „Можеби треба да разговараш со некого“ е толку искрена што прераснува во бунт кон стереотипите.

Врвен психотерапевт кој им помага на луѓето да го изведат животот на прав пат, еден ден Лори Готлиб и самата запаѓа во ќор-сокак. Кога целиот нејзин свет се распаѓа, во нејзиниот живот влетува Вендел, терапевт од кого ќе побара помош. Зашто секому, па дури и на оние кои ги решаваат проблемите на другите, им е потребно место каде што ќе можат да ја покажат својата ранливост – и да поразговараат со некого.

 

„Неодоливо патување низ човечката душа што нема да сакате никогаш да заврши.“

Киркус ривју

lori-gottlieb

Лори Готлиб

Лори Готлиб е американска писателка и психотерапевтка која стекна широка популарност со својата книга „Можеби треба да разговараш со некого“, која стана бестселер на „Њујорк тајмс“, беше продадена в...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил