Некогаш сигурно сум одела по мека трева

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-456-9800

Година на издавање: 2019

Број на страници: 139

Димензии: 140/205

Корица: softcover

На залиха
As low as 150  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Некогаш сигурно сум одела по мека трева од Каролина Шути е приказна за Маја. По смртта на нејзината мајка таа е пратена да живее во странство со татко си. Но тој ја остава кај нејзината строга тетка која само ја храни и ѝ обезбедува место за спиење. Фрлена во безимено село и растејќи во сиромашни услови во еден тажен свет во кој нема место за радост и љубов Маја се чувствува двојно лишена по преселувањето: тагува за мајка си и за мајчиниот јазик. Секој нејзин обид  да се сети на своето минато е безуспешен. Тогаш го запознава Марек осамен човек кој зборува на странски и мистериозен јазик и кој исто така го изгубил својот културен идентитет. Тој е единствениот кој може да направи Маја да се почувствува прифатена и ѝ станува не само пријател туку и татковска фигура...

Со јасен и поетичен, неполитички стил, Шути зборува за судбината на раселените луѓе. Потрагата по идентитет, како што сугерира и самиот наслов  на романот, го одредува животот на раскажувачот во останатиот дел од приказната. Иако романот зборува за минатото на Маја преку посветеноста на нејзините баби и белоруското потекло, неговата основна тема содржи современа и универзална димензија која може да се примени во безброј региони во светот.

Наградата за литература на Европската Унија во 2105 година е секако оправдана од оваа прекрасна книга, полна со ликови кои се чини дека живеат и надвор од нејзините страници.

 

carolina-schutti

Каролина Шути

Каролина Шути е родена во 1976 г. во Инсбрук, Австрија. Студирала германски јазик, англоамерикански студии и класична гитара. По одбраната на својата докторска теза за творештвото на Елијас Канети, ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил