Ништо

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-258-4

Година на издавање: 2014

Димензии: 140/205

На залиха
As low as 1  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Едно од најважните книжевни дела на Шпанија од времето по Граѓанската војна Ништо е роман кој воодушевува и маѓепсува со својата енергија со моќните слики и суптилниот хумор.

Полна со надежи и мечти, со својот стар куфер стежнат од книги, Андреа пристигнува во Барселона за да студира. Се сместува во родната куќа на својата почината мајка, во едно пропаднато буржоаско семејство разјадувано од омразата што се трупала со години. Старата куќа е своевиден музеј не само на излишен мебел и дамнешни слики што сенишно висат по ѕидовите, туку и на призраците од минатото и на пропаднатите надежи на нејзините необични жители. Додека љубопитната Андреа ги запознава улиците на Барселона и го гради своето прво вистинско пријателство во животот, зад ѕидовите на старата куќа продолжуваат тегобните приказни на нејзините станари.

Трогателна приказа за навлегувањето на една млада жена во светот на возрасните, приказна во која премолчаните работи некогаш се поважни од кажаните.

„Брилијантно, суптилно дело чија моќ лежи во она што останува неизречено. Ништо е мајсторски напишан, повеќеслоен роман и неговата морничава сличност со денешната политичка клима и со општествените ставови е тешко да се игнорира“. Сан Франциско хроникл 

 

carmen-laforet

Кармен Лафорет

Кармен Лафорет е родена во Барселона, во 1921, а починала во Мадрид, во 2004 година. Студирала филозофија, литература и право на универзитетите во Барселона и Мадрид. Една од ретките жени во пантеон...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил