Сè помалку човек

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308197

Година на издавање: 2021

Број на страници: 134

Димензии: 21 см

Корица: softcover

На залиха
As low as 250  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Мојот живот беше исполнет со срам. Не можам ни да претпоставам како изгледа да се живее животот на човечко суштество.

 

Портретирајќи се како губитник, антихеројот од „Сè помалку човек“ го раскажува својот навидум нормален живот среде човечките суштества кои е неспособен да ги разбере. Неговите обиди да се вклопи во светот почнуваат уште од најраното детство. Прикривајќи ја својата другост и неможноста да го потисне стравот од нормална комуникација, тој постепено се претвора во кловн што ги засмева луѓето, а завршува со обид за самоубиство.

Без сентименталност и со сурова искреност, Јозо во своите записи ги засведочува секојдневните неправди од светот, своите неуспешни обиди да се вклопи во него и минливите мигови на човечки врски и нежности.

Делумно автобиографска, оваа фасцинантна книга е последното завршено дело на Осаму Дазаи и постојано доживува различни реизданија и адаптации. Втора најпродавана книга во Јапонија на сите времиња, „Сè помалку човек“ е моќна студија и доказ за состојбата на индивидуалната отфрленост од општеството.

 

„Борбата на поединецот да се вклопи во едно нормално општество е исто толку значајна денес колку што била и во моментот кога била напишана книгата.“

Вилијам Бредбери

osamu-dazai

Осаму Дазаи

Осаму Дазаи (1909 – 1948) е еден од најпознатите јапонски раскажувачи кој се вбројува меѓу значајните книжевни фигури на 20 век. Неговите длабоки психолошки дела, кои се одликуваат со анализа и преи...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил