Островот крах

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-6124

Година на издавање: 2019

Димензии: 140 х 205

На залиха
As low as 150  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

„Островот Крах не е мрачен роман не дозволувајте да ве поведе насловот. Се надевам дури и дека успеав да го направам малку смешен. Во него се раскажува за желбата да го контролираш светот и за копнежот да бидеш слободен. Но и за онаа необична работа што ја нарекуваме ’судбина‘. А патот на судбината секогаш крие извесна иронија.“

Островот Крах е приказна за две жени или, поточно, приказна раскажана од две жени. Овие два главни лика не се познаваат, а сепак постои некоја магична поврзаност меѓу нив: едната е астролог аматер и во ѕвездите прочитала дека на другата ѝ се заканува крах. Секоја од жените го знае само својот дел од приказната и наративните делови – два лични универзума, толку различни а сепак толку слични – треба да бидат сместени во една целина од страна на читателот, како сложувалка. Деловите се приказни за различни луѓе и предели, и за еден далечен и фасцинантен остров на кој би можел да се случи предвидениот крах. Приказните допираат многу различни теми, но во својата суштина романот зборува за човековите нагони и фрустрации, копнежот и реалноста, љубовта и предавството, за желбата и невозможноста да ги споделиме богатството и тегобите на душата.

Што е „крах“ и дали воопшто постои такво нешто? И што е „успех“ или „победа“? Што значат тие на големото платно на универзумот? Создавајќи ја сликата на судбината, нивните потези секогаш кријат извесна противречност.

ina-vultchanova

Ина В'лчанова

Ина В’лчанова е новинарка, писателка, продуцентка и преведувачка од француски и од руски јазик, чија професионална кариера е посветена на уметноста на аудиодрамата. Магистрирала бугарска филологија ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил