Овириум – отаде смртта

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 9786084892649

Година на издавање: 2021

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Запливај во научнофантастичните води – на нивното дно те чека вистината.

Вистината никогаш не е лесно достапна. Треба длабоко и упорно да нуркаш за да ја досегнеш. А Овириум е длабок свет во кој случајностите се апстрактни.

За првпат во своето постоење, Чуварот на Преминот, битието познато како Смртта, ќе се соочи со човек кој ќе ги сруши сите правила што таа ги познава. Неговата посебност ќе го разбуди стравот на Смртта од пророштвото постаро од времето. Приказната, раскажана од мистериозен наратор, почнува со едно необично момче со едноставно име што често го слушаш во секојдневјето, а можеби дури и самиот го носиш – Матеј. Потонат во сопствениот свет, тој ја открива својата различност. Таа подразбира нов поглед во огледалото.

А таму ќе ја најде Смртта во ново руво. Дали таа е неговиот спасител, или џелат?

Што значи смртта за Матеј, а што Овириум за Смртта? Најпосле, што ќе значи „Овириум“ за тебе?

Откопај ја легендата – оваа книга е твојата шанса да дознаеш.

agron-useini

Агрон Усеини

Агрон Усеини е роден во Скопје, во 1988 година. Студирал на Правниот факултет на „Универзитетот на Југоисточна Европа“, а по завршувањето на студиите, својата кариера ја пренасочил во светот на марк...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил