Подвижен хоризонт

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 978-608-230-358-1

Година на издавање: 2015

Димензии: 120/200

На залиха
As low as 89  ден. Regular Price 280  ден.  -191  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Тргнувајќи на непознато патување географско и книжевно преку дневниците на неколку претходни експедиции ова книжевно патешествие нè води надвор од временските рамки во хипнотизирачкиот пејзаж на Антарктикот. 

Раскажувајќи за сопствената експедиција, Дел Џудиче создава книжевен мозаик од животот и книжевноста. Пренесувајќи ни ги суровите приказни за бродоломи, за бродови со месеци заглавени во мразот, за екипажи и морнари на работ на очајот или уништени од лудило, тој реконструира „хиперекспедиција“ која ги поврзува дамнешните патувања на старите истражувачи со сопствената авантура. Играјќи си со разновидноста на овие различни перспективи и гласови, авторот ни прикажува еден „подвижен хоризонт“ во просторот и времето – хоризонт кој е, сепак, истовремено и постојан и долготраен во чувствата што ги предизвикува. Хоризонт на кој се среќаваат сите места, приказни, денови, години и географски ери истовремено.

Подвижен хоризонт е поема на тие симултани, истовремени светови што се испреплетуваат на страниците на овој несекојдневен роман.   

daniele-del-giudice

Даниеле дел Џудиче

Италијанскиот прозаист Даниеле дел Џудиче е роден во 1949 година, во Рим, но живее и работи како универзитетски професор во Венеција. На италијанската книжевна сцена се појавува во 1983 год., со ром...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил