Прекрасен свету, каде си

Издавач: Издавачки центар ТРИ

ISBN: 9786082308661

Година на издавање: 2022

Димензии: 21cm

Корица: softcover

На залиха
As low as 380  ден. Regular Price 500  ден.  -120  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Емоционална драма што се чита во еден здив

Ретки се длабоките пријателства како она на младата романсиерка Алис и Ејлин, уредничка во книжевно списание во Даблин. Нивните семејни и љубовни врски се полни со подеми и падови, страст и очај, нежност и навреди, целосна близина и недоречености. Нивната преписка покажува длабоко разбирање и на минатите случувања и на современите луѓе – како се чувствуваат, како и за што размислуваат. Тие се растргнати меѓу глобалните и интимните проблеми, градејќи ставови врз основа на сериозни анализи, но честопати и од непроверени информации на Интернет.

Алис и Феликс, Ејлин и Сајмон – две љубовни двојки кои се привлекуваат и одбиваат, се зближуваат и оддалечуваат. Загрижени за своите животи, за времето што ги гази, за случувањата во семејствата и светот... што преживуваат зад затворените врати на своите соби? Наоѓаат ли начин да веруваат дека овој свет – единствениот што го имаме – е навистина прекрасен? Сали Руни со оваа книга создава уметност додека сè друго се распаѓа.

„Филозофска и романтична трагикомедија за начините на кои луѓето се сакаат и се повредуваат меѓусебно.“

Киркус ривју

„Сали Руни создаде свој личен стил. Сончев и остар.“

Вог

sally-rooney

Сали Руни

Сали Руни е современа ирска романсиерка, раскажувачка, поетеса и есеистичарка која се смета за една од најценетите автори од генерацијата на милениумците. Досега има објавено три романи, кои наидоа ...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил