Размислувај како монах

Издавач: ПАБЛИШЕР

ISBN: 978-608-4892-46-5

Година на издавање: 2021

Број на страници: 318

Димензии: 125/195

Корица: softcover

На залиха
As low as 600  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Да размислуваш како монах значи да размислуваш како најуспешниот и највлијателниот мудрец на денешницата!

Додека растел во околина полна со сомнежи за неговиот успех, одбрал да ја следи сопствената извонредна интуиција, па наместо да присуствува на свеченоста за дипломирањето на факултетот, заминал во Индија за да стане монах. По тригодишна неуморна потрага по себеси, додека им помагал на сите околу него, го напушта монашкиот живот со цел глобално да ја рашири својата мудрост. И успева во тоа! Видеата на неговиот видеоканал, лансиран во 2016 година, имаат над 4 милијарди прегледи. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.

Супермоќта на Џеј Шети не е само во тоа што успеал да го разбуди монахот во себе, туку и во тоа што својата мудрост ја прави достапна за секого. Неговата незаменлива книга-водич „Размислувај како монах“ ќе ги подготви сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа и да му подарат на светот сè убаво што спие неоткриено во нив. Апстрактните лекции, совети и вежби собрани во оваа инспиративна, прониклива, длабока и практична книга се доказот дека секој може и секој треба да размислува како монах.

Спојувајќи ја древната мудрост со искуството што го стекнал во ашрамот, Шети ни открива како да се ослободиме од негативните мисли и да се препуштиме на смиреноста која лежи во сите нас. Тој докажува дека секој може – и треба – да размислува како монах. Разумно борете се со секојдневните предизвици! Да се размислува како монах повеќе не е избор, туку потреба!

jay-shetty

Џеј Шети

Џеј Шети (роден на 6 септември 1987 година, во Лондон) е британски автор, поранешен монах и моментално еден од најпознатите мотивациски говорници во светот. Бил срамежливо и интровертно момче, малтр...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил