Сè поради еден бакнеж

Издавач: БАТА ПРЕС

ISBN: 9786082531595

Година на издавање: 2021

Број на страници: 356

Димензии: 205х140

Корица: hardcover

Нема на залиха

Краток опис

Бајронови ги бие глас дека се „луди, лоши и опасни луѓе.“ И згора на тоа дека се многу негостољубиви. На преубавата Мег Амберли, никогаш не ѝ паднало на памет дека би можела да му стане вереница на лорд Кејд Бајрон. Но, еден ден, кога се најде среде снежна виулица на пат кон Шкотска, принудена е да побара засолниште, токму на имотот на Кејд. Набрзо Мег сфаќа дека е опседната со мажественоста на Кејд. Штом патиштата станаа проодни, таа има намера да си оди, но судбината повторно се заплеткува.


Заглавен во сеништата од военото минато, Кејд Бајрон не излегува од своето село. А потоа одеднаш се појавува Мег со своите бујни облини и таа влегува во неговиот живот. За да ја спаси нејзината чест пред случајниот гостин, Кејд ја претставува како своја вереница, а потоа одат во Лондон со намера Мег таму да го најде својот иден маж.


Но, како што нивното преправање се зголемува, така Кејд сфаќа дека не сака да ја изгуби… Еден бакнеж засекогаш ќе промени сè.


за убавицата и ѕверот.“
− Кети Максвел


„Преубава и духовита романса што ќе ги фасцинира читателите. Паметни ликови, сочни дијалози и сензуални сцени.“
− Кет Робин, Романтик Тајмс Бук Ривјус


„Раскошна романса со многу убедливи и сложени ликови напишана со префинет стил, полн со духовити досетки и скокотлива сензуалност.
− Џон Чарлс, Ридер ту ридер

trejsi-en-voren

Трејси Ен Ворен

Трејси Ен Ворен е современа американска писателка на историски љубовни стории. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД....

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил