Се поради еден војвода

Издавач: БАТА ПРЕС

Број на страници: 389

Димензии: 140×205

Корица: softcover

Нема на залиха

Краток опис

Во Лондон сите знаат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познавате“. Но, сега и за најстариот син дојде времето за брак… Едвард Бајрон, војводата од Клајбурн, има сè што на еден припадник од високите кругови му треба: титула, богатство, углед… Сѐ освен невеста. Должноста бара да се ожени во бракот што многу одамна го договори неговиот татко. Леди Клер Марсден мечтае за Едвард уште од своето детство. Но, откако го слушна рамнодушниот предлог на Едвард за нивниот договорен брак, Клер не е сигурна дека треба да се венча со војводата по кој лудуваат сите благороднички во Лондон и пошироко. Токму поради тоа започнува сопствена битка и дава неверојатен отпор учејќи го Едвард една важна лекција: за да добие невеста, прво ќе мора да ѝ го подари срцето. Едвард, постојано ја заведува со своите подароци, допири и љубовни предигри, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце.

И во ова свое дело, авторката Трејси Ен Ворен (Tracy Anne Warren), не се воздржува работите во љубовта и сексот да ги опише со нивното вистинско име, како што тоа беше во веќе објавените хитови – историските љубовни романи „Сѐ поради еден бакнеж“ и „Сѐ поради еден допир“.

„Дарбата на Трејси Ен Ворен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“

– Romantic Times Book Reviews „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна.

Книгава не ја испуштив од рака.“

− Џеклин Ц., Eclectic Book

trejsi-en-voren

Трејси Ен Ворен

Трејси Ен Ворен е современа американска писателка на историски љубовни стории. За своите романи добила бројни награди и признанија, меѓу кои и наградата РИТА. Живее во Мериленд, САД....

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил