Шагринска кожа

Издавач: КСЦ

ISBN: 9786084850076

На залиха
As low as 350  ден.
На залиха
На залиха

Краток опис

Романот Шагринска кожа е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фантастичното, и тоа му дава посебен белег. Токму затоа, самиот негов прозен дискурс во овој роман е флуиден, фразата и дескрипциите се сензуално обоени до максимум, езотеричноста на темата суптилно се прелева на нивото на јазикот и изразот. Деликатната игра на сетилата, несоницата и сонот стануваат доминантни во восприемањето на светот од страна на ликовите во овој роман. Вивисекцијата на општеството овде се врши на поинаков начин – низ играта на мистичното и реалното кои се испреплетуваат на специфичен начин....

Романот Шагринска кожа на Оноре де Балзак денес изгледа особено актуелно, читливо и провокативно. За тоа, секако, придонесува вештото проткајување меѓу реалното, мистичното и езотеричното, кои ги уриваат временските бариери и кои се перманентен предизвик за читателите. Во тоа е и „големата тајна за човечкиот живот“ за што зборува Балзак, тајна маестрално содржана во трите магични збора посебно изделени во овој роман, а тоа се: „да се сака“, „да се може“ и „да се знае“

honoré-de-balzac

Оноре Де Балзак

Оноре де Балзак (20 мај 1799 - 18 август 1850) — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по замину...

Види повеќе

Коментари и оценки

Дадете ваше мислење
Само регистрирани купувачи можат да дадат мислење. Ве молиме најавете се или регистрирајте профил